Новинарот Бранко Героски на својот фејсбук профил ги повика сите оние кои ја прележале болеста Ковид-19 а имаат желба да помогнат да волонтираат на државните клиники. Ова во договор со д-р Докиќ кој би го кооординирал ангажирањето на волонтерите.

СИТЕ ВИЕ КОИ ЈА ПРЕЛЕЖАВТЕ БОЛЕСТА КОВИД-19, А СТЕ ЗДРАВИ, СПОСОБНИ И ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА ПОМОГНЕТЕ, ЕВЕ КАКО!
Многу од вас, почитувани пријатели, ја прележавте болеста ковид-19. Кај дел од вас, таа сигурно оставила последици и сите ние се надеваме дека се минливи, дека набрзо целосно ќе закрепнете и дека ќе бидете во топ форма. Јас тоа искрено ви го посакувам.
Но, знам дека има и многу од вас што ја прележаа заразата со лесна клиничка слика, што ќе рече „од нога“, а многумина и целосно асимптоматски. Дел од вас веќе се работно ангажирани и придонесуваат во општествениот живот, но дел од вас сигурно имаат време, можности и желба да помогнат во справувањето со кризата, особено во време кога лекарите, сестрите и другиот медицински персонал на првата линија на фронтот веќе се исцрпени.
Вчера имав прилика да разговарам со нашиот угледен пулмолог д-р Дејан Докиќ, кој е активно вклучен во борбата против ковид-19. Разговаравме за многу нешта, меѓу другото и за фактот дека во Клиничкиот центар во Скопје нема доволно персонал и за извршување на најбанални задачи кои можат да им го олеснат животот на пациентите во ковид-центрите. Навистина е страшно да се слушне дека на луѓето често нема кој да им однесе вода и храна, нема кој да ги превезе со лифт или со количка и слично.
Заеднички дојдовме до идеја дека здрави лица што прележале ковид-19, луѓе во добра физичка и психичка кондиција, мотивирани да помогнат, можат да се вклучат во борбата како волонтери. Секако, секој волонтер би добил соодветна заштитна опрема и би се однесувал според стандардните протоколи кои важат за сиот медицински персонал и гарантираат целосна безбедност.
Д-р Докиќ изрази волја да го координира ангажирањето на волонотерите. За таа цел, секој што е способен и подготвен да помогне, да волонтира, молам да му се јави на д-р Докиќ на неговата и-мејл адреса dejand@hotmail.com
Почитувани пријатели, ве молам СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ОВОЈ ПОСТ, во интерес на пациентите.
Почитувани медиуми, ве молам известете за благородната иницијатива.
Почит за д-р Дејан Докиќ.

СИТЕ ВИЕ КОИ ЈА ПРЕЛЕЖАВТЕ БОЛЕСТА КОВИД-19, А СТЕ ЗДРАВИ, СПОСОБНИ И ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА ПОМОГНЕТЕ, ЕВЕ КАКО!
Многу од вас,…

Posted by Branko Geroski on Saturday, 21 November 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.