Горан Момироски и Драган Милосављевиќ, новинари и автори на емисијата Заспиј ако можеш која се емитува на ТВ Алфа, утре се поканети на распит во скопското Јавно обвинителство. Како што објави МКД.мк, обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија. Момироски и Милосављевиќ во Обвинителството ќе престојуваат во различни термини за да дадат исказ за предметот за кој се поканети. Момироски е поканет на пладне, а Милосављевиќ во 13 часот.

Распитот на новинари и директори на медиумски куќи стана пракса во земјава. Во петок директорот на Прва Република е на распит во ЈО. Она што ни е познато е дека се работи за оформен предмет по кривичен законик, за оддавање службена тајна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.