Во текот на претседателската кампања, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашната дебатна емисија на ТВ21 рече дека новинари го следеле и го ставале на насловни страници нејзиното тесно семејство, и на крај доживеала човек од штабот на Пендаровски да ја испрати во Бардовци.

Дури и во првичниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР стои забелешката за атакот врз мене и наместо да се радуваат дека има кандидат жена, тие атакуваат и за родот и замислете возраста, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 21.

Таа укажа дека на атак беше изложено и нејзиното семејство.

Директно од новинари, го следеа нивното движење, а тоа е спротивно на Европската конвенција за човекови права. И на крај доживаев човек од штабот на противкандидатот да ме испрати во Бардовци. Јас може да го посетам за да дадам правен лек, а јавноста може да суди за нашето однесување, рече Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.