Тројца вработени во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево се изолирани, откако кај дел од персоналот е регистрирано присуство на вирусот Ковид-19. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, станува збор за надворешни случаи, поради што се превземени сите мерки за спречување на ширење на заразата.

Сакам да истакнам дека позитивните случаи кои што ги имаме во градинката, не доаѓаат од внатре. Значи тоа се надворешни случаи. Во меѓувреме излегоа наодите и на трите негувателки кои беа тестирани, останатиот персонал кој што беше тестиран меѓу кои и тројца вработени кои се исто така негативни. Сега за сега имаме еден готвач, еден помошник готвач, една негувателка и група од 12 дечиња, кои се изолирани, рече Симовска.

Симовска додаде дека работата на градинката продолжува, согласно сите протоколи кои ги налага ваквата ситуација.

Во време на светска пандемија, предизвикот да раководиш со ваква установа е навистина преголем, заради што сакам да упатам јавна благодарност до сите мои вработени, до сите родители и до сите кои се вклучени во движењето на овој систем од предучилишно воспитание и образование. Никој не знае дали го носи вирусот и дали може да добие нешто од тоа, меѓутоа нека нема лоши работи и сите да бидеме живи и здрави, додаде Симовска.

Освен протоколите од Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заразни болести, во насока на поголема заштита од вирусот, градинката како што додаде директорката има изготвено и свои посебни протоколи, се со цел спречување на ширење на заразата од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.