Нови 805 случаи на Ковид-19 од направени 6.980 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 10 лица од кои најмладиот на 28-годишна возраст.
Најголем број од новозаболените се од Скопје – 240, по што следува Гостивар со 138 и Тетово со 136 нови случаи. Во останатите градови низ државата бројките се двоцифрени или едноцифрени. Така, во Куманово се регистрирани 53 случаи, во Струмица 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од починатите, четворица се од Тетово (53г,72г,72г и 73г), двајца од Кичево (28г и 53г) и по едно починато лице има од Гостивар (44г), Скопје (56г), Дебар (86г) и Куманово (60г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти, а бројот на активни случаи е 5.761 лице.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 162.164, а бројката на оздравени е 150.851. Починати се 5.552. Досега направени се вкупно 1.062.292 тестирања на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.