Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19 во:
• Скопје – 26
• Радовиш – 9
• Куманово и Кратово – по 6
• Прилеп – 5
• Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4
• Неготино и Делчево – по 3
• Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2
• Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: пет лица од Скопје (66г, 71г, 76г, 79г и 80г), три лица од Тетово (60г, 70г и 73г), две лица од Куманово (73г и 82г) и по едно лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г).
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од:
• Скопје – 91
• Прилеп – 25
• Охрид – 14
• Куманово – 12
• Битола – 10
• Велес – 7
• Струга и Кавадарци – по 6
• Штип и Гевгелија – по 4
• Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3
• Струмица и Берово – по 2
• Тетово и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.