Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени 1.549 тестирања се регистрирани 153 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од кои по две од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.
Направени се 1.549 тестови преку: ИЈЗ-31, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-52, Биотек-77, Систина-57, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-226, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-28, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 983.
Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.