Според податоците на Министерството за здравство во изминатите 24 часа од вкупно 36 новозаболени во земјава, 12 се од Тетово, а 6 од Велес, градови кои во овој период имаат нови кластери.

Новите бројки беа причина за итна координација на здравствените власти во Тетово, кои информираа за уште 4 лица кај кои и вториот тест им е позитивен.

Добар податок е што Тетово се уште не е со висока инциденца, рече заменик министерот за здравство Арменд Арслани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.