Во земјава се регистрирани нови 482 позитивни случаи на Ковид-19. Според податоците на Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие, позитивни биле над 10 проценти од направените 4.151 тест. Оздравени се 280 пациенти, а пријавени се 12 починати лица.

Министерството за здравство вечерва информираше дека од вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Скопје, регистрирани се 194 случаи, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19, Тетово – 13 и т.н. Истовремено и бројот на оздравени е најголем во Скопје – 124, потоа следат Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14,Охрид – 13,Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга,Свети Николе и Кратово – по 3, Битола – 2, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539, бројот на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.