Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски очекува дека новата влада на Бугарија ќе има поблага реторика кон македонското прашање. Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека во Бугароја се случи пропаѓање на партиите кои ставија вето на Македонија.

„На власт во Бугарија дојде политичка партија која согласно реториката на евентуалниот премиер и официјалниот мандатар Кирил Петков, ќе има една поблага реторика на таканареченото македонско прашање, односно вели дека ќе разговараат на многу подруги теми освен историските кои во овие година и пол беа наметнувани од Софија, и така се случи ветото. Во Бугарија се случи пропаѓање на партиите кои го ставија ветото на Македонија, тука алудирам на ВМРО, чиј лидер си поднесе оставка, и тој е веќе политички мртов“, рече Атанасоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.