На забавите во Струмица и покрај мерките против Ковид-19  се чини им нема крај.

Бројот на новозаболени секојдневно расте, на 15 овој месец најмладиот новозаболен беше осумгодишно дете токму од Струмица, но локалите продолжуваат да работат со истото темпо, а младите се групираат без потребното растојание и без да носат заштитни маски.

На социјалните медиуми секојдневно се споделуваат снимки од тоа што се случува во струмичките локали. Едно такво видео сподели и доктор Ненад Лазаров од ресторанот „Голден Палас“ во Струмица од пред само три дена.

"Голден Палас" Струмица 19.08.2020Никој ништо не ни може, бум бум.После ќе се крадат лешеви во Струмица. По маси качени, нека гледа народ!Џабе бришете, аматери.

Gepostet von Nenad Lazarov am Dienstag, 22. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.