На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите нации, за кои Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава, велат од владината прес-служба додавајќи дека земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Како што соопштија од Владата, тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан, за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.