Унгарија испрати донација на заштитна опрема од Кина во Македонија со цел да помогне во борбата против пандемијата со коронавирусот.
Унгарија обезбеди помош при носење на донација од Народна Република Кина во Скопје, со цел да помогне во борбата против пандемијата со Ковид -19.
Ова уште еднаш докажува дека Унгарија е подготвена да им помогне на земјите од Западен Балкан во нивната борба против Ковид-19. Го поздравуваме членството во НАТО на Македонија, како и почетокот на нејзините преговори за пристапување во ЕУ и остануваме подготвени да ја обезбедиме целата неопходна поддршка за европска интеграција на земјата, стои на веб-страницата на унгарското министерство за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.