На македонската политичка сцена е основана нова политичка партија – Движење за демократија права и слобода (ДПС)
На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади, но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права и слободи во општеството.
Како што наведуваат од партијата, во членството на ДПС има плејада на нови луѓе без каков било претходен политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.
Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор каде ќе се бираат претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС.
Во програмската рамка на ДПС се следните цели:
● Развој и просперитет на независна и суверена Република Македонија.
● Членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Македонија.
● Градење на граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе сe почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава.
● Почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности.
● Почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест.
● Рамноправност меѓу половите и заедниците.
● Решавање на егзистенционалните потреби на граѓаните: вработување, здравствена заштита, образование, социјална заштита и слично.
● Вградување на светските стандарди за лица со посебни потреби.
● Еднаквост и правилен социјален поредок во сите општествени сфери.
● Создавање општество на благосостојба како долгорочна цел.
● Заштита на животната средина во согласност со меѓународните документи.
● Градење на општество на слободни луѓе, пазарна економија и демократски институции без корупција.
● Градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави.
● Слобода на говорот и мислата.
● Заштита на правата на медиумите.
● Заштита од дискриминација на секаков тип на ранлива категорија на организации и граѓани.
● Поддршка и соработка со НВО секторот.
Својата промоција ДПС ќе ја има во согласност со сите протоколи за безбедност и заштита од Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.