Нови 1093 заразени со коронавирусот од 3084 тестирања во изминатите 24 часа, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од нив 431 се во Скопје, 94 во Гостивар, 60 во Прилеп, 57 во Куманово, 55 во Велес, 44 во Кавадарци, по 41 нов случај имаат Штип и Тетово и по 37 Битола и Охрид. Во Струга има 29 новозаразени, 20 во Свети Николе, 19 во Неготино, 18 во Струмица, 15 во Кичево, по 14 имаaт Дебар и Гевгелија, Кочани – 13, Радовиш – 11, Ресен – 10, Крушево – осум, по седум имаат Крива Паланка и Делчево, по тројца Валандово и Виница, по двајца Пробиштип и Македонски Брод и еден нов заразен во Кратово.
Починати се 28 лица, девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62 години), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85), еден пациент од Дебар (82), еден од Штип (61), пет пациенти од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64), еден од Струга (57), еден од Велес (70), еден од Охрид (39), двајца од Гостивар (69 и 53), еден од Струмица (55), еден од Кратово (74) и еден пациент од Ресен (69). Освен двајца, сите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 59 701, бројот на оздравени пациенти е 36 825, на починати е 1658, а бројот на активни случаи е 21 218.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.