По скандалот со странските фотографии, со кои се промовираше проектот „Дома си е дома“, следи уште еден резил на власта со „позајмени“ фотографии.
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски најавија изградба на современ затворен базен за пливање во Штип, но со фотографија преземена од Американско интернационално училиште.
Скандалот да биде уште поголем Бочварски на „Фејсбук“ пишува дека исклучително е задоволен од проектот кој е украден.
Исклучително сум задоволен затоа што како никогаш досега, градиме капитални проекти за граѓаните, а градот бележи вистински развој.
Во Штип со засилена динамика се гради затворениот базен во Срц “Суитлак” 🏊♀️ #АМС #ВладаМК #Штип, напиша Бочварски.
Каевски исто така се пофали со фотографијата за која јавноста увиде дека е украдена како и за претходните срамни фотографии за проектот „Дома си е дома“.
Штип добива современ затворен пливачки базен!
Модерен изглед согласно современи стандарди, адаптиран комплетно за потребите на учениците, рекреативците и спортистите.
Вака ќе изгледа пливачкиот базен кој се гради во спортската зона Суитлак. 👇, пишува Каевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.