Новинарот на Телма Боби Христов со нова информација поврзана со случајот Рекет. Тој тврди дека на за него познат датум имало средба на белградскиот аеродром НиколаТесла на која се сретнале еден инволвиран во рекетирањето и луѓе што сакаат да се расчисти аферата Рекет.

Христов информацијата ја дава поставувајќи прашање.

“Сакам да прашам дали двајца жестоки критичари и поборници за вистината за Рекет, имале случајна средба со еден битен актер во овој случај во ВИП салон на аеродромот во Белград!? Датумот го знам. Нема да најавувам саатница за ексклузива. Чисто онака. За нештата да се појасни”, пишува Христов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.