Фатмир Бесими како шеф за Евроинтеграции му купува облека на градоначланикот на Кичево, Фатмир Дехари со пари од ИПА фондови на Европската унија, објавува Вечер во новата „бомба“ од Ел Чака.

42 ги имаш кошулите? – 42 слим филд, ми текна – Денес сум облечен со тафт – Да – Е ја немам со мене, црната кошула…. ….се зборува за комбинирање на јоргован боја кошула со кафеаво одело и вратоврска која треба да биде во контра боја, како и за шопинг од марката „Бос“.

Кошули 42 слим филд, кондури 43, 52 слим филд панталони. 12 години сме заедно – му вели Дехари на Бесими.

Бесими одговара: Чекај полека, кошули и вратоврски ќе ги ставам на проекти од ИПА фондови, и овие одела и чевлите ќе ги обезбедиме од ИПА Фондови, му вели Фатмир Бесими на Фатмир Дехари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.