Не само измените во Деловникот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и измените во Законот за здравствена заштита, обвинува СДСМ.

Не се само голем број на амандмани поднесени за промена на Деловникот за работа на Собранието, напротив, поднесени се и над 500 амандмани за измените за Законот за здравствена заштита, рече пратеникот Мартин Костовски од СДСМ.

Иако на СДСМ и македонската јавност им е совршено јасно, ние уште еднаш повторуваме дека овие амандмани НЕ СЕ ПОДНЕСЕНИ ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш најостро реагира и ја демантира лагата која што СДСМ очајно се обидува да ја протне во јавноста во врска со поднесените амандмани за Деловникот, со единствена цел да го отргне вниманието на граѓаните од деструктивното, антидржавното и антинационалното однесување на Зоран Заев и врхушката околу него.

За измените на Деловникот со коишто треба да се овозможи онлајн работа на Собранието, опозициските партии поднесоа 3000 амандмани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.