Нов земјотрес со послаба јачина рано утринава е почувствуван во Македонија, повторно во мавровскиот регион.

Податоците од ЕМСЦ покажуваат дека земјотресот бил регистриран во 4:51 часот утринава.

Потресот бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Македонија вчера во 4:54 часот наутро беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5 степени, по што следуваа поголем број потреси со послаб интензитет.

Земјотресот беше почувствуван и во земјите од регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.