Иселеници од Австралија, Швајцарија и други држави, кои се стекнале со право на користење пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар.

Порталот „Скопје 1“ сакајќи да открие која е причината, најправо се обратил кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш ги препратил за ова прашање одговорот да го побараат во Министерството за труд и социјална политика.

Портпаролот на Mинистертсвото ги препратил да се обратат до ПИОМ.

А, од ПИОМ, пак, портпаролката Анифе Зекири, им соопштила дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побарала прашањето да ѝ биде испратени на меил и известила дека истите ќе ги одговори во текот на следната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.