Нов притвор за екс министерот Миле Јанакиески, одлучи вечерва судот. Тој според Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен дека ја оштетил државата со продажба на државно земјиште.
По целодневен распит во Кривичниот суд, судијата на претходна постапка одреди притвор и за уште седумина од осомничените, освен за две службенички, за кои обвинителството уште пред неколку часа го повлече барањето за притвор и добија мерки на претпазливост.
Осомничени во оваа истрага, освен Јанакиески, се и Димитар Димовски, вработен во Министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром – исто така вработен во Министерството.
Меѓу уапсените е и државниот правобранител, Емилија Радојкова, вработена во Катастар, нотари и бизнисмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.