Попладнево нов пожар кај одморалиштето Крани во Преспа, за среќа брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Ресен бил брзо локализиран и спречен да се шири. И овој надлежните велат дека се работи за човечки фактор.

Пламените јазици во националниот парк Галичица се намалени, заштитните појаси кои во текот на денешниот ден се правеа со цел заштита од проширување и заштита на туристичките населби беа од голема помош за локализирање на пожарот.

ИЗВОР: ТВ21

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.