Екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес денеска околу 12 часот по пријава се упатила за гаснење пожар во близина на велешкото село Џидимирци, каде гори ниско стеблеста дабова шума, информираа за МИА од ТППЕ Велес.
Овој пожар е од скопско, а сега поради ветрот е префрлен и во велешко, каде петмина пожарникари со едно возило-цистерна со вода веќе се на терен и се борат да ја изгаснат огнената стихија во шумата над селото, појаснуваат од ТППЕ Велес.
Инаку селото Џидимирци е оддалечено на 27 километри од Велес и се наоѓа на границата со општините Свети Николе и Петровец, односно на Овчеполието и Скопската котлина. Над селото преовладува шума со површина од 893 хектари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.