Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на медиумите и медиумските работници.

Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.

Задолжително е поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето – соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.