Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа, а станува збор за неколку различни униформи, информира денеска на „Фејсбук“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што појасни, Единицата за брзо распоредување ќе добие урбана маскирна мултикам шара, комплет составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици.

Втората униформа, како што напиша Спасовски, е рурална маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување и за Единицата за обука и поддршка. Комплетот е составен од зимска јакна со подјакна, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, навлака за шлем, шешир, дводелно пододдело со подкапа, ракавици термо и тактички.

Третиот дел од униформата на Единицата за брзо распоредување е комбинезон во темно-сива боја, изработен од специјален материјал НОМЕКС, кој што е тешко запаллив и се користи во услови на нарушен јавен ред и мир во поголем обем и апсење на опасни лица во затворени простории.

Меѓу новите униформи е и униформата во темно сина боја, наменета за Единицата за обука и поддршка, а комплетот е составен од следниве делови: зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, pанталони рипс и ремен, три маици (со јака, без јака и тактичка маица со кратки ракави), четири капи (шешир, безбол, беретка и плетена капа), дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици и дождовна наметка, информира Спасовски.

Униформа во темно сива боја за СВР Скопје – Интервентна полиција, при што комплетот е составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, кратка јакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, шест капи (шешир, фантом капа, полар, безбол, беретка и плетена капа), навлака за шлем, термо и тактички ракавици, дводелен комплет за дожд и дождовна наметка.

Продолжуваме со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици, напиша Спасовски на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.