Нов гаф на Владата. Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во Владината прес служба.

А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска – Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу фотографиите од одржаната прес-конференција се најде и фотомонтажа од претседаелот на САД со селанка на која пишува „Сестрата на Трамп од Лесковац“.

Од Владината прес-служба го увидоа својот гаф и шест минути по првочното соопштение испратија корекција во која сликата на Трамп ја немаше. Сепак, ваквата корекција во никој случај не го одговара прашањето дали и зошто вработени во Владина институција во текот на работното време гледаат и се занимаваат со смешни слики од Трамп, наместо да си ја вршат работата за која се платени!?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.