Власта е оперирана од срам и морал. Затоа, речиси и да нема функционер што не е заразен од епидемијата на непотизам, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски посочи дека пратеничката Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“ на договор на дело.

Најверојатно, планот ѝ бил да добие решение по изборите, рече Арсовски.

Како пример за непотизам, Арсовски го посочува и поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, кој, како што тврди, си ја вработил својата прва братучетка Емилија, додека директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски си го вработил својот шура како инспектор во МВР.

Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерството на СДСМ. Едно зборуваа пред изборите, сега друго прават. Жално е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, другите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата, истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.