Министерството за внатрешни работи ги извршува наредбите кои ги добива од Обвинителството или од Судот, ние не можеме ниту да носиме одлуки, ниту да постапуваме без Обвинителство и Судот, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Прашан дали чувствува одговорност за бегството на Сашо Мијалков, министерот Спасовски рече дека МВР веднаш постапило со сите расположливи средства од моментот на добивање на информациите и дека одговорноста мора да ја бараме во непостоењето на целосниот систем, нагласувајќи дека тие како Министерство немале мерка со која лицето Сашо Мијалков ќе биде следен и чуван секаде каде што ќе се движи.
Сега е моментот кога мора да ги насочиме сите сили да го најдеме бегалецот и да го соочиме со лицето на правдата. Бегањето од таа одговорност, носењето на оставка нема да ги реши проблемите, па чија сака нека е. Сметам дека треба да има детална истрага за целиот случај, доколку има било кој, што допринел за оваа ситуација за бегство, не да носи морална, треба да носи кривична одговорност, без разлика дали е министер или некој во службите, Судот или Обвинителството, изјави Спасовски.
Тој посочи дека ова треба да биде силен аларм до сите да се консолидира системот, бидејќи како што рече, доколку не се среди системот и доколку имаме вакви сериозни пропусти, ќе имаме и други вакви настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.