Успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, која започна ноќва на полноќ. Младо момче го доби срцето на прерано загината девојка, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.
Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден сè ќе се заврши, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Еден од докторите кој беше вклучен во трансплантацијата која заврши во 4 часот утринаца за „А1он“ раскажува:
Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов и подобар живот. Ноќеска едно семејство го изгуби најмилото и во исто време го даде најскапоценото. Ноќеска еден голем тим на лекари покрај грижата за ковид центрите направија трансплантација на неколку ограни и покажаа дека надеж постои и хуманост во сите нас.
Прва експлантација на коскено ткиво од починат донор во Република Македонија. pic.twitter.com/Qq4HRZPiCL
— Viktor Kamnar (@VKamnar) April 17, 2021
Засега е познато дека двата бубрега ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои долги години биле на дијализа, а во понеделник, се очекува постар човек да добие шанса да живее нормално, откако коската со метастази ќе биде заменета со здрава коска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.