Според анализата на „Њујорк тајмс“ за тоа која земја колку вакцини поседува и колкав е бројот на вакцинирани, Македонија убедливо е закована на дното. Весникот ги споредува сите држави во светот според индексот кој покажува колку се вакцинирани на 100 лица.

Македонија вакцинирала само 3 од 100 лица.

Држави како Либан, на пример, се со 6.9 вакцинирани на 100 лица, Ел Салвадор со 14, Камбоџа растргната од војни со 15, Мароко со 26, Монголија со 48! Една Молдавија вакцинирала 5.5 лица на 100.

Во соседството, не само што поседува скоро 10 пати повеќе вакцини, Албанија има индекс од 18 вакцинирани на 100 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.