Одделението за внатрешни работи во Струга ја активираше велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење, градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, велосипедската полициска патрола треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи.
Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други казнени дела. Велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ на полицијата во јавноста – изјави Димоски.
Предвидено е низ струшките улици и плажи да патролираат два полициски тима на велосипеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.