На денешен ден пред точно 18 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски резервисти. Да им докажеме на овие десетмина јунаци дека и покрај Суперкупот што се оддржува ги памтиме како бранители на оваа држава. Оваа слика нека им служи за вечен помен на овие десетмина македонски бранители кои го дале најсветото нешто за Македонија – сопствениот живот, оставајќи сопруги, мајки, татковци, синови и ќерки, цели фамилии во црно. Загинаа:
Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле
Македонија и Бранителите ќе ве паметат и споменуваат како храбри синови на оваа напатена Македонија. Нека вашата храброст одекне во срцата на идните поколенија.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.