На веб страницата www.uslugi.gov.mk не може да се направи ниту налог за да се побара услуга од државните институции, пренесува „Сител“, чии репортери цело утро се обидуваа да направат налог за да проверат како работи страницата.
Откако ќе го вметнете мејлот, добивате повратна порака дека на мејл треба да пристигне линк каде што ќе потврдите дека сакате да направите налог. Таква порака не пристигнува на мејлот, а потоа се закочува и емаил адресата, со што не можете да ја повторите операцијата, велат тие за своето искуство.
Ниту министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири не знаеше да објасни како граѓаните можат да направат налог. Само кратко рече дека граѓаните ќе добиваат подобра услуга, а за сите проблеми новинарите и граѓаните да му ги пишувале лично на неговиот мејл.
www.uslugi.gov.mk е веб страница на која граѓаните треба онлајн да бараат услуги од државните институции, односно документи во електронска форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.