Од ЈО изјавуваат дека сакале работите малку да им легнат, да преноќат, но според нивните првични опсервации, немало правни пречки за преземање на случаите на СЈО бидејќи биле исполнети условите од член 6 став 5 од Законот за СЈО. Ајде тогаш да видиме што вика член 6 став 5 од Законот за СЈО! – “Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јав- ниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.”, пишува Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.
Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска?, прашува Јанушев.
Сигурен сум дека и моралната димензија не е важна, со оглед на тоа дека целокупната Македонска јавност слушна/виде/прочита за криминалните постапки на Јанева?!? Но, што може да се очекува од најблиските соработници и слуги на аболицираниот криминалец?, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.