Цела влада лаже, потенцира пратеникот Антонио Милошоски, откако вчера советникот за надворешна политика во Владата, Едмонд Адеми за „Сител“ рече дека бегалците кои Македонија ќе ги прими од Авганистан се веќе проверени, зошто се интелектуалци кои работеле во угледни странски организации.
Ниту држава која има своја амбасада со броен персонал во Кабул во тој хаос не може да има точни безбедносни податоци за бегалците од Авганистан, а не пак Македонија каде 215 меѓународни мафијаши со дрога се прошверцуваа и си добија наши лични карти и пасоши, потенцира Милошоски.
Додава дека Словенија ќе прифати само 10, Естонија 10, Грција 15, а Хрватска 20 нивни долгогодишни соработници во Авганистан – и ова се сериозни НАТО држави, со многу поголем капацитет за проверка на бегалците и со многу пофункционален систем за нивно прифаќање и интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.