Удари под појас, валкани игри, лажни вести…СДСМ сè повеќе ги фаќа паниката од губење на власта и парламентарните избори, па со своите веќе проверени ниски тактики се обидуваат да ја оцрнат опозицијата.
Провладините перјаници вчера беа пуштени на најјако. Мадиумите блиски до власта објавија непотврдени и лажни информации дека во МВР се апсат луѓе од тимот на министерот Наќе Чулев.
Тој веднаш демантираше и објави дека станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени и распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со наговиот тим или кабинет.
Минситерот најави дека ќе поднесе соодветни претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, но и потенцираше дека молкот на СДСМ значи дека заложбата на Владата за наводна борба против лажните вести е само декларативна, односно блеф со кој се замајува јавноста.
До овој момент ЗНМ и Младен Чадиковски немаат дадено никаков став или превземено нешто против овие дезинформации.
Овој напад врз Чулев беше зачинет и со уште еден кон првата Еврејка во македонксата влада, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Иако во сите нормални земји за овој говор на омраза се оди во затвор, за задолжениот за овој напад нема проблем – тој може што сака и против кого сака да напише на социјалните мрежи, а никогаш да не одговара за тоа.
А, социјалните мрежи на Тричко се непресушен извор на причини да биде зад решетки.
Пионот на Заев, Тричковски досега останал негибнат и од ОЈО и од Народниот правобранител дури ни кога ги споменува и малолетните деца на лидерот ма ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тричко има повикувано на убиство на Мицкоски, опишувал како замислил сечење на глава на Владимир Милчин, а во колумна тогашниот претседател Иванов и го нарекува „Лудакот од Паљурци“…
Мизрахи, пак, претходно на етничка и верска основа беше напаѓана неколкупати од лица блиски до Заев и СДСМ, некогашни шарени револуционери, кои денес се на трошок на македонските граѓани.
Видана Бошковска Мицевска, партиски пропагандист, твитерџија и шарена револуционерка која заедно со Заев и Шеќеринска ги фарбаше зградите од проектот Скопје 2014 на „Фејсбук“ ќе напише:
Подоцна, истата „активистка“, продолжува со своите напади:

Во дебата на социјалните мрежи, функционерката од СДСМ Мерсиха Смаиловиќ, ја повика Мизрахи, наместо знаме на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе има интервјуа да си става давидова ѕвезда – симбол со кој Хитлер и нацистите ги бележеле Евреите пред да ги пратат во контрационите кампови на смртта.
Да беше давудовата ѕвезда, никому ништо, напиша Смајловиќ, во стилот на саркастичен нацист, воедно правдајќи го албанското знаме во кабинетот на Талат Џафери.

Дека ваквите напади и говор на омраза се инспирирани и поддржани од СДСМ е кристално јасно, особено затоа што покрај трулото соопштение од две реченици со кое „најостро ги осудуваат сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи“ – не гледаме никакви конкретни акции против Бранко Тричковски и сличните на него како Сашо Ордановски, Џабир Дерала…
Додека институциите не постапат по овие секојдневни атаци и навреди кон – нивната наводна борба против дезинформации или омаловажување и дискриминирање е само гола вода и празно зборување, недостојно за она „Социјалдемократски“ во нивното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





Comments are closed for this post.