Со одлуката на Кралот Фелипе Шести, во Шпанија на 10 ноември да се одржат предвремени парламентарни избори, најверојатно ќе се оствари сценариото според кое Македонија на 3 декември, на Самитот на НАТО во Лондон нема и формално да стане членка на Алијансата.

Причина за тоа е неможноста шпанскиот парламент да се состане и да го ратификува пристапниот протокол за Македонија.

Шансите за спротивното се теоретски, со оглед дека според шпанската легислатива, победникот на изборите кои се одржаа на 28 април има последна можност до 23 септември да направи влада.

Во случај и таа можност да не се оствари, земјава ќе треба да почека формализирање на членството до почетокот на 2020 година.

Од вкупно 29 земји членки на НАТО, пристапниот протокол за членство на Македонија досега го имаат ратификувано 22 држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.