Адвокатот на Спиро Ристовски Гоце Ристевски се осврна на сведочењето на Александар Василевски во врска со настаните од 27 април. Ристевски објасни дека Нинџа лажел за две значајни работи-а тоа е дека во критичниот ден се слушнал со Ристовски а и дека подоцна го видел во партиската зграда.
Нинџа твдеше дека попладнето на 27 април Нинџа му се јавил на Ристовски. Но, листинзите од разговорите покажуваат дека тој ден воопшто немале комуникација.
Нинџа исто така лажно сведочел дека околу 18 часот во партиската зграда го видел Спиро Ристовски.
Базните станици од вештачењто на вештакот покажуваат дека двата броја што ги користел Нинџа покажале дека Нинџа бил во зградата само една минута во 22 часот и 19 минути. Со другиот број бил забележал од 22 часот и осум минути 22 часот и 13 минути – објасни бранителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.