Нина Ангеловска, новата предлог-кандидатка за министер за финансии во Владата на Зоран Заев, била дел од скандалот со доделување средства преку Фондот за иновации, на фирми основани од партиски луѓе блиски до СДСМ, објави порталот Сведок.
Нина Групер е основач на фирма Декодикс, во која соосновач е снаата на Цветанка Ласкова, на која ѝ беа 330.000 евра, а по реакции во јавноста подоцна одлуката беше поништена.
Оваа афера во јавноста беше позната како случајот со снаата на Цветанка Ласкова, во тоа време советничка на премиерот, но тогаш не беше познато дека како прв основач на фирмата е заведена Нина Ангеловска, позната како Нина Групер, која сега Зоран Заев ја предлага за министерка за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.