Поранешниот преговарач во спорот за името во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на националностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.
Тој вели дека било тешко да се дојде до решение и оти постепено ги прифаќал грчките ставови, како она за едно име за севкупна употреба за нашата држава.

Грција бараше ерга омнес – едно име за секаде. -Јас постепено го прифатив тоа поради три причини: Грците не би продолжиле понатаму без ерга омнес, двете имиња може да доведат до расправии дали некоја комуникација е домашна или меѓународна и трето беа апсирациите на Скопје да стане дел од ЕУ, а во рамките на ЕУ ќе постои вистинска разлика на тоа што е домашно, а што заедничко во ЕУ, вели Нимиц, кој нагласи дека иако беше тешка отстапка, Скопје сепак прифати ерга омнес-признава преговарачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.