Метју Нимиц, американскиот дипломат во интервју за Дојче Веле открива дека во текот на долгогодишниот спор со името имал бариери, и открива дека со поранешниот премиер Никола Груевски бил во многу добри односи, но дека се наоѓал во ќорсокак.

Нимиц во интервјуто вели дека имало неколку причини поради кои успеал да истрае во долгогодишниот спор за името.

Честопати си мислам дека ако бев паметен ќе го напишев договорот (од Преспа, н.з.) на кинески јазик, затоа што кинескиот е официјален јазик на ОН. Доколку го напишевме договорот на кинески, ќе ги немавме сите овие проблеми. Никој во Грција или Македонија немаше да разбере што содржи тој – вели Нимиц.

Нимиц вели дека во изминатите 20 години кога работеше како медијатор назначен од генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, имал мака со користењето на официјалното име „поранешна југословенска Република Македонија“. Тој за Дојче Веле открива дека за работата какко медијатор потпишал договор со седиштето за симболична сума од еден долар годишно.

20-те долари никогаш не ми ги исплатија, ама барем редовно ми ги плаќаа патните трошоци – се пошегува Нимиц.

Нимиц во интервјуто вели дека со поранешниот премиер Никола Груевски бил во многу добри односи, но Груевски никогаш не бил подготвен за ваков чекор за промена на името на Македонија.

Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу заглавени во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорсокак.Тој не беше подготвен на компромис доволен за да се постигне договор. Беше флексибилен, но неговата флексибилност беше лимитирана. А и политиката во земјата беше таква што тој со оваа тема добиваше на избори – вели тој.

Нимиц вели дека до самото потпишување на спогодбата во Преспа на 17 јуни 2018 година не бил сигурен дека целата работа ќе се истера до крај и неизвесноста ја чувствувал до последен момент.

Тоа беше многу потресен и многу важен ден. Мислам дека веројатно беше врвот на мојата кариера – додава Нимиц.

Целото интервју може да го прочитате на Дојче Веле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.