Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за последниот извештај од Транспаренси Интернешнл за нивото на корупцијата каде посочи дека владата постави одговорно лице за борбата против корупцијата, а ништо не е направено за бора против корупцијата.

Според него ако се започнеше со борбата против корупцијата за само шест месеци ќе имаше резултати.

-Според мене смешно е да се обвинува претходната влада. Ако сум јас неколку дена тука, а корупцијата како што гледаме напредуваме по таа негативна листа значи нешто е конкретно, тоа не го измисли некој, има методологии, критериуми. Кога поставија заменик претседател на Влада одговорен за корупцијата имаше многу од подбивност, критика од истакнати личности. Колку помина од формирањето на новата влада, а ништо не е направено. Јас ви гарантирам дека со една одлична борба против корупцијата за шест месеци ќе имаше резултат. Се очекуваше да направи некој акциски план, да започне со борба против корупција, прво кои се институциите каде има корупција тоа се полицијата, здравството, образованието, државната администрација. Доколку се оправдувате со претходната власт значи дека вие како влада сте некадарни, рече Никовски во своето гостување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.