Поранешниот дипломат Ристо Никовски во гостување на телевизија Алфа во однос на договорот со Бугарија истакна дека тоа е историска грешка, суштинско негирање на нашето постоење и сега следува егзекуција на македонизмот.

Според него, договорот е апсурд, наша историска грешка, но во овој случај имаме три комисии, едната е со Бугарија и две со Грција едната е за брендовите, другата е за историјата, од едната комисија за брендовите најново денеска е дека македонските вина во светот ќе бидат од Северена Македонија, а грчките од Македонија.

Се работи за суштински нешта за историјата на еден народ за векови зад нас, како може сега да се договара за Гоце Делчев дали е бугарин, македонец или кинез никој нема право на тоа, со двата договори кои се потпишаа со Грција и Бугарија ние сме поразена странка, де факто сме прифатиле дека сме виновни за сите историски синдроми и на Бугарија и на Грција за Македонија и македонскиот јазик, вели Никовски.

Тој додава дека властите прифатиле вина, седнале на маса и сега следува егзекуција на македонизмот и тоа не треба да не чуди чим истото сме го прифатиле.

Никовски цитираше изјава на Бранко Црвенковски на форум оваа година на Копаоник, во која изјава тој посочува дека било тешко да се направи компромис без да се навлезе во нашиот национален идентитет, да било лесно би го направиле тоа порано, но после горкиот и тешкиот компромис следувало шок и тој компромис не нуди никаков успех.

Тоа што се случи со двата договора е предавство на националните и државните интереси и катастрофално за иднината на македонскиот народ, порача Никовски.

Никовски критикуваше дека Заев изјавил дека Илинденското востание е македонско и после реакција од страна на бугарите, тој се извинил и тоа е политика на суштинско негирање на нашето постоење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.