Поранешниот амбасадор и аналитичар Ристо Никовски во синоќеќното гостување во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ предупредиа дека Бугарија испрати меморандум кој повторно го активира во кој вели дека не постои македонски јазик, нема македонски народ.
А, ние како држава молчиме, а штом молчиш ќе те газат. Никој од странците не ја критикува Бугарија, туку сите велат да се најде решение и очекуваат од нас да попуштиме. Ние се однесуваме понижувачки, неодговорно и како да сме спремни да го прифатиме поразот. Реализираме се што треба и не треба, и кога знаат на какви отстапки сме спремни ќе те газат и понатаму, вели Никовски.
За изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за брзо решение тој вели дека ако покажуваш ти дека ти е итно, тога другиот само ја крева цената:
Им даваме шанса да не уценуваат се повеќе. Ако ги читаме изјавите на Османи, вие не знаете за кого навива. Османи вели дека Бугарија нема услов да ги внесе Македонците во својот Устав и ја оправдува Бугарија, наместо Бугарија сама да се брани, рече Никовски.
За изјавите на Владо Бучковски кој е специјален претставник на владата за Бугарија дека ќе се менуваат учебниците и дека имаме заедничка историја, Никовски со оценка:
Тоа е исполнување на најекстремните бугарски барања, а тој никаде не кажува што треба Бугарија да направи, само нашите отстапки. Бугарската тактика да не бришат чекор по чекор кај нас не ја разбираат и прашање е кога ќе не нема, вели Никовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.