Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски откако се врати од Дубаи на фејсбук напиша дека нема компромиси кога во прашање е здравјето на граѓаните, потенцирајќи дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен.

Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните.

Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност.

Следен чекор на ДСЗИ беше поднесување на пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга, за што во тек е истражна постапка.

Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи, во интерес на сите граѓани.

Државата е тука за граѓаните. Законите важат за сите подеднакво!, напиша Николовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.