СДСМ ќе постави високи стандарди и критериуми, кандидатите за градоначалници и советници да може да се најдат на листата. Ќе ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе им ги задоволиме личните апетити, најави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Нагласи дека ја следат работата на градоначалниците и го мерат нивниот учинок да бидат сервис на граѓаните.
-Моменталниот систем што го имаме во партијата, овозможува да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив. Ќе успее интенцијата за отворени листи за локалните совети, за да ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе им ги задоволиме личните апетити со тоа што ќе се најдат на советничките листи, рече Николовски.
Одлуката на Радмила Шеќеринска да не се кандидира повторно за заменик-претседателка на СДСМ, Николовски ја оцени како лична.
-Ова е период во кој што имаме само избран претседател на партијата, сите други органи на некој начин се во оставка, рече Николовски, посочувајќи дека сите партиски функции ќе бидат избрани на Конгресот на 16 мај по изборот на Централниот одбор на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.