Нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата, беше донесена на денешната владина седница, на иницијатива на заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.
Одлуката, како што информирата од кабинетот на Николовски, е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели.
Со новите одредби, секое користење на службенте возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности, вели Николовски.
Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење, се наведува во соопштението од кабинетот на Николовски, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција.
Ова е уште една владина мерка во насока на рационално користење на службените ствари и буџетските средства.
Во изминатиот период се донесе и веќе се применува одлуката со која се ограничуваат трошоците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори, се вели во соопштението од кабинетот на Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.