СДСМ ќе има од два до четири потпретседатели и тоа е нов момент во нашиот развој, истакна Љупчо Николовски на денешниот дигитален Конгрес на партијата на власт.
СДСМ за првпат воведува мониторинг систем за работата на општинските организации. Тоа ќе го надградиме. Реализацијата на дадените задачи од страна на раководството на партијата, во предвидениот календар на активности којшто важи за сите, останува врвен приоритет, рече Николовски.
Тој посочи дека очекува победа на локалните избори.
Од секој наш член очекуам максимален ангажман. Нема застанување. Постоиме за граѓаните и ние сме тие што ќе им ги решаваме проблемите. Очекувам победа на следните локални избори во земјава. Ние сме пример за другите партии, рече Николовски.
Дигиталниот Конгрес на СДСМ започна во 13 часот, а првиот збор го имаше партискиот претседател Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.