По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, генралниот секретар на СДСМ и вицепремиер Љупчо Николовски, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
Почитувани, во мое и во име на СДСМ ви го честитам 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.
Токму работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, двигател на општествениот развој.
Во годините во кои ја предводиме Владата, како одговорна социјалдемократска партија презедовме низа чекори за унапредување на статусот на работниците.
Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 15.200 денари и ја за израмнивме за сите стопански гранки за вработените во текстилната, кожарската у чевларската индустрија повеќе да не бидат дискриминирани во однос на останатите дејности.
Преку економските мерки во време на пандемија успеавме да сочуваме повеќе од 100.000 работни места, а преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, 200.000 работници добија зголемување на своите плати.
Платите растат во сите сектори, истовремено го подигнавме нивото на социјалниот дијалог со синдикатите, работниците и стопанствениците.
Во време на светска здравствена и економска криза преку навремени и ефикаснио мерки и политики спасивме стотици илјади работни места.
Социјалната правда и унапредувањето на работничките права за нас остануваат врвен приоритет.
Продолжуваме да го слушаме гласот на рабитниците, продолжуваме да градиме развојна економија кој носи можности за повисоки плати и отворање на нови добро платени места.
Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, се наведува во честитиката на Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.